Директорот на нуклеарката Запорожје не се враќа на работа

Сподели со своите пријатели

Директорот на нуклеарната централа Запорожје во Украина, Игор Мурашов, кој неодамна беше уапсен во, како што сметаше Украина, терористички чин од Русија, а потоа беше ослободен, нема да се врати на својата работа во нуклеарната централа, соопшто Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Loading...

– МААЕ разбира дека господинот Мурашов сега е со своето семејство на територијата контролирана од Украина и дека нема да ги продолжи своите должности– се вели во соопштението на МААЕ.

МААЕ додава дека засега не се знае кој ќе го замени Мурашов на местото управител на АЕЦ Запорожје.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.


ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Украина подготвува контрамерка против руските намери