Денес релативно топло со грмежи во попладневните часови

Сподели со своите пријатели

Понеделник според УХМР ќе помине со сончево и релативно топло време.

Loading...

Попладне повторно се очекува локален развој на купесто дождовна облачност во делови од западниот регион, како и околу планините во крајниот источен дел од земјата.

Дел од врнежите ќе бидат проследени со ретка појава на грмежи. Во текот на вечерта повторно ќе биде претежно ведро.

Ќе биде умерено топло, околу 27°С низ низините од северната и југозападната област, и околу 29°С во југоисточниот крај.

Leave a Reply