Дедо по грешка им подарил торта со марихуана на медицински сестри

Сподели со своите пријатели

Повозрасен човек од гратчето Ворингтон во Англија, им се заблагодарил на медицинските сестри во локалната болница, така што им однел торта со марихуана.

Loading...

Британецот, сепак, не бил свесен дека внатре има опијат. Се работело за дел од тортата од 18. роденден на неговиот внук, со која старецот сакал да ги почести болничарите.

Му било досадно на роденденот па во тортата ставил марихуана, четири лица завршиле во болница

Вработените, за среќа, навреме забележале дека тортата мириса „необично”, па повикале полиција и така марихуаната била откриена.

Болницата во официјалното соопштение наведува дека пациентот што го донел подарокот, не знаел оти во тортата има марихуана, и дека само еден болничар изел мало парче, што сепак, немало штетни последици.

Од депото на полицијата исчезнале половина тон марихуана, полицајците со ХИТ објаснување

Полицијата ги потврди овие наводи, додавајќи дека „тортата е уништена”, а случајот затворен.

Извор: сител / Image by LeAnn Bird from Pixabay

Loading...

Leave a Reply