Данска загрижена за безбедносната ситуација во Балтичкото Море

Сподели со своите пријатели

Данскиот министер за одбрана Мортен Бодсков денеска изјави дека има причина да се грижaт за безбедносната ситуација во регионот на Балтичкото Море, наведувајќи ја како последен пример сомнителната саботажа на два гасоводи „Северен тек“.

Loading...

„Русија има значително воено присуство во регионот на Балтичкото Море и очекуваме тие да продолжат да штракаат со оружјето“, рече Бодсков во изјавата по состанокот со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Брисел.

Норд стрим АГ, операторот на гасоводната мрежа, вчера објави дека три крајбрежни линии на гасоводниот систем Северен тек претрпеле „невидена“ штета за само еден ден, јави Танјуг.

Претходно денеска шведската министерка за надворешни работи Ен Линде потврди дека истекувањето на гас од гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ биле предизвикани од експлозии.

Таа додаде дека „собирањето информации продолжува“ и дека „не е исклучена ниту една причина, актер или мотив“.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека ЕУ се сомнева дека оштетувањето на двата подводни гасоводи Северен тек 1 и Северен тек 2 е саботажа и предупреди дека ќе одговори на секој напад врз европските енергетски мрежи.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.