Чувала мечка во станот, мислејќи дека е куче (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Една жена од Куала Лумпур е приведена откако било откриено дека одлгедувала шесмесечна загрозена мечка во својот стан.

Loading...

Таа објаснила дека го пронашла на пат и го зела мислејќи дека е куче.

Соседите на 6 јуни биле шокирани кога чуле звуци од горните катови на зградата. Потоа забележале нешто што изгледало како мечка која турка глава низ прозорецот на станот.

Тригодишно момче преживеа два дена во шумата: „Ме чуваше мечката“

Првин мислеле дека некој се шегува, но еден од станарите кои живее подоли ја снимил мечката, а потоа брги повикал полиција.

– Еден од моите соседи повика полиција. Кога полицијата и експертот за диви животни пристигнале, откриле дека мечката била заклучена во станот сама, а сопственичката заминала во родното село за празниците, напишал еден од станарите на Фејсбук.

За среќа некој успеал да ја контактира сопственичкат аи таа се вратила со објаснување. Се испоставило дека немала намера животното да го чува предолго, туку само додека не закрепне.

Кога на мечката ќе и дојде се преку глава (ВИДЕО)

Loading...

– Всушност, најдов мече покрај патот во лоша состојба една ноќ, рекла на полицијата, додавајќи дека веднаш знаела оти мора да го предаде животното во зоолошка градина кога сфатила дека станува збор за мечка.

Полицијата потврдила дека жената, инаку локална пејачка која учествувала во малезиско ријалити, е приведена за одгледување заштитени животни и „Сончев медвед“ во Малезија кривично дело.

Фото: Youtube/The Star Online

Leave a Reply