Белата куќа апелираше до Северна Кореја да не ѝ продава оружје на Русија

Сподели со своите пријатели

Белата куќа ја повика Северна Кореја да не ѝ продава оружје на Русија што Москва ќе го користи во војната против Украина.

Loading...

Како што јави Ројтерс, севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун моментално е на пат за Русија, каде што треба да престојува во официјална посета на таа земја, на покана на неговиот руски колега Владимир Путин.

„Како што јавно предупредивме, се очекува разговорите за оружје меѓу Русија и Северна Кореја да продолжат за време на посетата на Ким Џонг Ун на Русија. Ја повикуваме Северна Кореја да се придржува до обврските што ги презеде Пјонгјанг да не испорачува или продава оружје на Русија“, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адриен Вотсон, пренесе Танјуг.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА соопшти дека Ким и Путин „ќе се сретнат и разговараат“, без да даде детали, додаде Ројтерс.

Последното патување на Ким во странство во 2019 година беше во Владивосток кога тој се сретна со Путин за прв пат откако пропаднаа разговорите за денуклеаризација на Северна Кореја со поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.