Австрија: Секоја десетта компанија стравува од затворање

Сподели со своите пријатели

Поради зголемените трошоци, се повеќе бизниси во Австрија имаат проблеми, а стравот од затворање расте кај претприемачите.

Loading...

Истражувањето на Здружението на трговци покажува дека 42 отсто од австриските трговци очекуваат големи загуби, а 14 отсто стравуваат од затворање на нивните бизниси.

Претприемачите укажуваат дека првенствено се погодени од поскапувањето на струјата и гасот.

Повеќе од три четвртини исто така рекоа дека се борат со доцнење или без испораки.

Дополнителен предизвик за компаниите е немањето кадар, на што се пожалиле 43 отсто од претприемачите.

Како резултат на тоа, една петтина од компаниите беа принудени да го ограничат своето работење.

– Резултатите од нашето истражување јасно ги покажуваат последиците од бранот поскапувања во Австрија за трговците – посочи претседателот на Здружението, Рајнер Вил.

Тој очекува вистински предизвик дури следната година.

Loading...

– Тогаш сите поскапувања на енергенсите ќе се пренесат на потрошувачите и ќе следи намалување на куповната моќ – убеден е тој.

Вил посочува дека се потребни владини мерки како што се намалување на деловните трошоци, намалување на ДДВ за енергетските производи од 20 на 10 отсто, како и субвенционирани цени на енергетските производи за претприемачите.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.