Астрономите бараат повеќе пари: Подготвени сме за откривање вонземјани

Сподели со своите пријатели

Раководител на една од државните опсерватории на САД, др. Ентони Бејсли за Би-Би-Си изјави дека верува дека потрагата по интелигентни животни форми во вселената мора да се сфати посериозно и дека владите треба да го поддржуваат истражувањето во области што со години биле избегнувани од владините фондови.

Loading...

Неговата поддршка за програмата „Потрага по вонземска интелигенција“ СЕТИ (Search for Extraterrestrial Intelligence) е значајна промена во односот кон област за која до неодамна се сметаше дека е на работ на науката.

Вонземјаните постојат: ЦИА објави документи за блиски средби

Бејсли го даде своето мислење на состанокот на Американското здружение за напредување на науката во Сиетл.

Директорот на американската државна опсерваторија за радио астрономија во Шарлотисвил рече дека исто така верува дека „дојде време СЕТИ да се оживее и соодветно да се интегрира во другите полиња на астрономијата“.

Во исто време, еден од приватните двигатели и донатори на СЕТИ објави дека телескопите VLA (Very Large Array) во Ново Мексико наскоро ќе се користат за откривање на знаци на форми на вонземски животи во други светови.

VLA е опсерваторија со повеќе антени и користи некои од најдобро опремените телескопи во светот.

Британска астронаутка тврди: Вонземјаните постојат и можеби веќе се на Земјата

Loading...

Д-р Ендру Симион, раководител на научниот тим кој работи на проектот „Breakthrough Listen“ во Центарот за истражување на универзитетот Беркли СЕТИ во Калифорнија, смета дека вклучувањето на опсерваториите на ВЛА во истражувањето значи дека шансите за откривање вонземни форми на живот може да се зголемат „десет, па дури и стотина пати“.

„Ние сме подготвени за најсеопфатно истражување на целото небо досега, а тоа значи откривање на туѓи форми на живот“, изјави тој за Би-Би-Си.

Според него, кредибилитетот што ВЛА го вклучи во целата приказна е подеднакво важен.

„Би сакале да видиме како СЕТИ се трансформира од мал проект на калифорниските научници и инженери, изолирани од академијата, во програма што ќе биде интегрална за астрономијата и астрофизиката како и секое друго поле на истражување“, рече тој.

ШОКАНТНИ ТВРДЕЊА НА ЕДЕН НАУЧНИК: Вонземјаните нѐ шпионираат!

Проектот „Breakthrough Listen“ е финансиран од приватни фондови. Научниците бараат знаци на комуникација помеѓу вонземски животни форми во вселената.

Овој 10-годишен проект започна во 2016 година и е финансиран од милијардерот Јури Милнер со придонес од 100 милиони американски долари.

Британскиот кралски астролог, Лорд Рис, е претседател на меѓународната советничка група на организацијата. Тој за Би-Би-Си изјави дека, ако предвид се земе дека најмоќниот светски акцелератор на честички, Големиот хадронски судирач, вреден повеќе милијарди фунти, сè уште не ја постигнала својата цел, а тоа е откривање на субатомските честички надвор од сегашната теорија на физиката, владите треба да размислат скромно СЕТИ финансирање од неколку милиони фунти.

Loading...

Илјадници луѓе пристигнаа пред „Област 51“ во потрага по вонземјани (ВИДЕО)

„Јас би бил многу посамоуверен при изнесувањето аргументи за СЕТИ отколку забрзувачот на честички“, рече тој.

НАСА еднаш финансираше потрага по туѓи форми со живот од 10 милиони американски долари годишно. Но, во 1993 година, финансирањето беше прекинато.

Ова уследи по воведувањето на прописите од страна на сенаторот Ричард Брајан, кој сметаше дека тоа е губење пари.

„Се надеваме дека ова ќе стави крај на ловот на Марсовците на сметка на даночните обврзници“, рече тој во тоа време.

Вонземјаните можеле да ја посетат земјата кога луѓето на неа воопшто и не постоеле?

Оттогаш, нема позначајно јавно финансирање за СЕТИ во САД или каде било во светот, иако таканаречените астробиолошки пребарувања за докази за едноставни организми од хемиски отпечатоци во атмосферата на други небесни тела добија поголема поддршка.

Првите неколку планети кои орбитираат во далечни sвезди беа откриени во тоа време, но не се знае дали е тоа вообичаено. Сега знаеме дека е затоа што досега се откриени скоро 4.000.

Loading...

Симион, убеди голем број на светски големи научници дека потрагата по интелигентни форми во животот треба да се сфати посериозно.

Зошто се уште не се пронајдени вонземјани?

Човечките суштества отсекогаш гледале во ноќното небо и се прашувале „има ли таму некој“.

„Сега сме во состојба да одговориме на тоа прашање, а можеби и да откриеме откритија што би се рангирале меѓу најголемите научни откритија во историјата на човекот“.

Leave a Reply