01.07.2019 13:05

Зошто се уште не се пронајдени вонземјани?


Фемиевиот парадокс вели дека ако интелигентниот живот не е карактеристичен исклучиво за планетата Земја, тогаш нашата галаксија би требало да биде преплавена од напредни цивилизации.

Парадоксот настапува во простиот факт дека до сега не сме контактирале ниту една од нив. Каде се?

loading...

Цртежи во пештера сугерираат постоење на вонземјани уште во далечното минато

Еден од одговорите на оваа прашање е „хипотезата на зоолошката градина“ во која се пердложува напредните цивилизации од само за нив позната причина, намерно да не сакаат да ни се претстават, односно се кријат од Земјаните и човештвото.

Меѓутоа, проблемот поврзан со оваа решение е дека таков подвиг бара некој вид на организација. Тоа би значело дека во нашата галаксија постои заедница на напредни видови кои се сложни најмалку во една работа – да не контактираат со планетата Земја, пишува порталот „Кликс“.

Бугарски професор тврди дека вонземјани киднапираат луѓе

Астрофизичарот Данкан Х. Форган оваа хипотеза дополнително ја разработил и заклучил дека веројатно постојат повеќе организации, наместо цивилизациите да се собираат во исклучително една асоцијација.

Заклучокот го донел врз основа на неколку фактори, вклучувајќи ја староста на цивилизацијата, одалеченоста, времето на пристапување на организацијата и животниот век на циливизацијата.

Дали оваа воена снимка докажува дека постојат вонземјани? (ВИДЕО)

– Доколку би постоела само една организација, тоа би значело дека нивниот животен век е извонредно долг и дека настануваат во краток временски период, што генерално е малку веројатно, но и натаму можно – рекол Форган.

loading...

Баш проади тоа, поверојатно сценарио е во нашата галаксија да постојат повеќе цивилизациски дупки чија синхронизација е малку потешка.

Професор од Оксфорд го шокираше светот: Вонземјаните се вкрстуваат со луѓето

– Можеби Земјата лебди во делот на галаксијата во која владеат група конзервативни или опрезни вонземјански цивилизации кои не сакаат да не контактираат. Од друга страна, како ќе стануваме технолошки понапредни, бариерите меѓу нас ќе исчезнуваат – додава Форган.

Image by Gerd Altmann from Pixabay


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments