Илјадници луѓе пристигнаа пред „Област 51“ во потрага по вонземјани (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неколку стотици ентузијасти кои веруваат во постоењето на вонземјаните се собраа во Невада по еден хумористичен повик од Фејсбук да ја нападнат мистериозната американска воена база во таа американска држава, наречена Област 51.

Loading...

Со години се шпекулира со гласини и теории дека американската влада чува докази за вонземјани  во неа.

Неколку стотици „ловци на вонземјани“, како и љбопитни набудувачи, од кои некои дојдоа од Франција, се собраа во Рејчел, најблиската точка до „Областа 51“, која има еден хотел и само 50 жители.

Една млада жена успеа да се пробие низ оградата на базата и кратко беше приведена, но потоа беше ослободена. Други, во најголем дел, ја почитуваа забраната за влез во базата, објави „Гласот на Америка“.

„Слушнавме за настанот на Фејсбук, знаевме дека станува збор за шега, но звучеше забавно и бидејќи настанот станува се повеќе популарен, решивме – ајде да дојдеме, да кампуваме и да ја видиме базата“, вели Џордан Хачинсон од Јута.

Се започна со шега на Фејсбук пред три месеци, кога корисникот Мети Робертс упати повик да ја окупират „Областа 51“ на 20 септември. Повеќе од два милиони луѓе одговориле дека доаѓаат.

„Само ж се шегував додека играв видео игра и вака се случи ова лудило“, рече Робертс.

Шегата не беше смешна за американската војска, која издаде сериозно предупредување до јавноста да не се обиде неовластено да влезе во „Областа 51“, каде се тврди дека се тестираат авионите и се врши обука на персоналот.

Loading...

Инвазијата во „Областа 51“ беше совршена можност за маркетинг – Bad Light лансираше специјална конзерва со теми од вонземјани, а рестораните за брза храна воведоа менија со теми, како што е галактичкиот млечен шејк.

Областа 51 со децении ја следат теории на заговор дека чува остатоци од НЛО и негови вонземски остатоци кога авионот наводно се урнал во Росвел, Њу Мексико, во 1947 година.

Владата на САД не го потврди постоењето на базата до 2013 година, кога архивските податоци на ЦИА објавија дека локацијата била искористена за тестирање на тајните шпионски авиони.

Оние кои веруваат дека вонземјаните постојат, и дека владата знае повеќе отколку што ја информира јавноста, ќе ја продолжат својата „забава“ во Невада во текот на викендот.

Leave a Reply