Кои се најбезнедните и најопасните дестинации за 2019. година?

Сподели со своите пријатели

Кога планирате патување, не само што морате да гледате тоа де се вклопи во буџетот, туку морате и многу внимателно да се распрашате за безбедноста на земјата која сакате да ја посетите.

Loading...

Мапата која ја објави „International SOS“ и британскиот Центар за контрола на ризици открива кои земји се безбедни, а кои се и колку опасни за патувањата во следната, 2019 година.

ЗЕМЈИ СО ЕКСТРЕМЕН РИЗИК

Како земји со екстремен ризик, дефинирани се оние дестинации каде постои сериозна закана од насилни напади насочени кон странци или каде делови од земјата се непристапни за странците.

Египет е една од земјите каде постои „екстремен ризик“, но се наведува дека тоа најпрвин се однесува на Северен Синај, каде е висока криминалната активност и постои закана од терористички напад. Другите делови на Египет се сметаат за потенцијално ризични.

Не е изненадување ниту што Сирија се наоѓа помеѓу земјите со екстремен ризик, со оглед дека таму со децении се војува. Ситуацијата и натаму е многу опасна, па не е препорачливо да се патува во земјата. Мали и Либија исто така се на оваа листа.

ЗЕМЈИ СО ВИСОК РИЗИК

Иако тука опасноста не е на највисоко ниво, ниту овие дестинации не се баш безбедни, затоа што тука се чести насилните протести и има доста криминал и терористички закнаи.

Loading...

На листата земји со висок ризик се најде и Турција, а во некои делови на оваа земја ризикот е среден. Популарната туристичка дестинација моментално се смета високоризична поради напнатата политичка сутуација, но и проблемите во околните земји. Најголемиот број од терористичките напади во Турција се случиле на југот и истокот од земјата, во Анкара и Истанбул.

За високоризична земја се смета и Мексико, во кој се почести се криминалните пресметки. Со оглед на тоа дека ваквите пресметки се чести во некои делови од земјата додека во другите скоро и да ги нема, добро истражете го делот од земјата во кој би патувале. Мексиканската влада тврди дека се заштитени најпопуларните туристички дестинации како Канкун, Плаја дел Кармен, Пуерто Ваљарте, Нуево Ваљарте…

ЗЕМЈИ СО СРЕДЕН РИЗИК

Во земјите со среден ризик повремено доаѓа до политички немири, насилни протести и споредни терористички напади.

Тунис, има делови во кои ризикот е висок, и некои делови во кои ризикот е среден. Од терористичкито напад кој се случи на плажа во 2015 година, во Тунис се засилени бебзедносите мерки, но на туристите сепак им се советува да бидат особено внимателни на плажи, фестивали и религиски места.

Јамајка исто така е на листата земји со среден ризик, поради високиот степен на насилство и криминал, особено во престолнината Кингстон. Таму туристите често се на мета на крадците.

НАЈБЕЗБЕДНИ ДЕСТИНАЦИИ ВО СВЕТОТ

Велика Британија, Франција и Германија имаат статус на земји со низок ризик. Меѓутоа, ние не спаѓаат во најбезбедните.

Loading...

Најбезбедни земји во светот се сметаат оние во кои има ниска стапка на насислтво и криминал, каде нема особени закани од политичко насислтво, каде јавниот превоз ги исполнува високите стандарди на безбедноста.

Единствени кои се на листата најбезбедни се Швајцарија, Словенија, Данска, Норвешка, Финска и Исланд.

Leave a Reply