Во кои држави живеат луѓето во најдобра форма, а каде скоро воопшто не се движат?

Сподели со своите пријатели

Уганда е физички најактивна нација во светот, а причините првенствено се од финансиска природа, покажува истражувањето на Светската здравствена организација.

Џенифер Намулембва пет дена во неделата пешачи час и половина до работа. Оди покрај железничка пруга, преминува опасен автопат со осум ленти, се качува низ ридот Кололо и најпосле пристигнува до предрадието Камвокја, на југот од престолнината Кампала.

Оваа 34-годишна жена на работа минува часови на нозе, чистејќи трокатна зграда. Остатокот од денот обавува работи за својот шеф, а непосредно по пет часот го минува патот за да повторно се врати дома.

– Навикната сум на тоа и не ми е тешко. Никогаш не носам убава облека на работа. Понекогаш и јас би сакала да се возам со автомобил или на мотор, вели таа.

Ваквиот начин на патување до работе не е последица на желбата да се ослободи од вишокот килограми, туку финансиската ситуација во која се наоѓа. Месечната плата и е нешто над 100 долари, така да не може да плаќа превоз, а таа не е единствената.

Светската здравствена организација ја означила Уганда како една од физички најактивните држави во светот. Само 5,5 отсто од жителите се физички недоволно активни.

Меѓу најактивните земји се и Мозамбик, Танзанија и Того, додека луѓето во Кувајт, Американска Самоа, Саудиска Арабија и Ирак се најнеактивни. Околу четвртина од светскат апопулација се движи недоволно.

Заклучокот на студијата е луѓето во земјите со ниски примања доволно се движат, за разлика од жителите на богатите земји.

Во најдобра физичка форма се жителите на селските области на Уганда, каде луѓето се занимаваат со земјоделство и сточарство.

– На нозе сум околу осум часа дневно, шест дена во неделата. Го јада она што ќе го произведам. Кога би престанал да работам, веројатно би се разболел. Иако имам толку многу години, ништо не ме боли, вели Абиасали Нсереко, 65-годишен фармер од Лувир, околу два часа северно од Кампала.

Меѓутоа, и во Уганда се менува начинот на животот. Условите не се прилагодени за луѓето кои настојуваат да ја сочуваат кондицијата. Скоро нема паркови, нема тротоари, а емисијат ана издувни гасови е огромна.

И покрај тоа, во последните неколку години на улиците се појавиле љубителите на трчањето. На паркингот на Националниот стадум Мандела вежбаат три групи. Се истенуваат, прават склекови, скокаат. Рекреацијата започнува во 06:30 часот три пати неделно и трае еден час. Многумина, сепак не можат да стигнат до стадионот поради сообраќајниот метеж и работата.

Иако Уганда добро е котирана во студијата на СЗО, таа рапидно се урбанизира.

– Физичката активност е се помалку начин на живт и започнавме да јадеме работи кои во минатото не сме ги јаделе, вели Рој Вилијам Мајега од Институто за јавно здравје. Од друга страна, претставите за рекреација и натаму се негативни.

Уганда ќе мора да поработи на развојот на свеста за здравиот начин на живот и адекватните инфраструктури ако сака нејзините граѓани и натаму да бидат во најдобра кондиција во светот.

Leave a Reply