Србија утре ќе мора да објасни зошто не воведува санкции кон Русија

Сподели со своите пријатели

Се очекува Србија на првиот состанок на европската политичка заедница во Прага да им објасни на лидерите на ЕУ и другите земји зошто иако преговара за членство со ЕУ, не воведува санкции кон Русија што Унијата ги воведе кон Москва поради нејзината агресија врз Украина, изјави денеска висок функционер за новинарите во Брисел на Европската комисија (ЕК).

Loading...

Претставникот на ЕК изјави дека не е планирана посебна дискусија за позициите на Србија во однос на санкциите против Русија, но подвлече дека некои членки на ЕУ му придаваат значење, „иако Белград нема да биде ставен на обвинителна клупа на состанокот“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во војна!

Изворот од Брисел повтори дека ставот на Унијата е дека Европската политичка заедница нема и не може да биде замена за процесот на проширување на ЕУ, бидејќи тоа е сосема поинаква процедура заснована на усвојувањето на „средствата“ и правилата и стандардите на Унијата.

Според неговото објаснување, практично сите земји од ЕУ воведоа санкции кон Русија, но има земји кои не го сторија тоа целосно, а постои силно барање од огромното мнозинство членки на ЕУ да го направат тоа сите, вклучително и земјите кои преговараат членство во ЕУ.

Целта на започнувањето на европската политичка заедница е, како што рече, да се соберат и обединат земјите од Унијата, како и соседните земји, од Исланд до Турција, околу заеднички вредности и мерки и политики, а се очекуваат договори за енергија, клима, економска криза на стариот континент.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ISW: 2025 година ќе биде клучна година за Русија. Путин постави ултиматум

Премиерите на Холандија и Албанија, Марк Руте и Еди Рама денеска во заеднички едиторијал на бриселскиот портал Политико, по повод отворањето на Европската политичка заедница, подвлече дека „стариот континент мора сам да си ја одреди иднината и единствениот начин е да дејствуваме заедно како демократски членови на европското семејство“.

Според мислењето на Руте и Рама, прашањата од важност за сите, од војната во Украина, до енергетската зависност и безбедноста на храната, мора да бидат во центарот на дискусијата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...