Турција: Откриена мина во морето во близина на границата со Бугарија

Сподели со своите пријатели

Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека е откриена мина во Црното Море во близина на границата со Бугарија.

Loading...

Претходно турскиот весник „Стар“ објави дека на влезот на Босфорот е забележано движење на предмет налик на мина.

 

Коронавирус во тимот на Бајден кој беше во Полска

 

Министерството за одбрана потврди дека утринава е пронајдена мина во близина на градот Игнеада на западниот брег на Црното Море и најави преговори со Москва и Киев за тоа прашање.

Босфорот бил затворен за бродови некое време.

 

Loading...

Ердоган го повика Путин да го прекине огнот во Украина

 

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) претходно објави дека украинската армија поставила околу 420 пловечки мини на приодите кон пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни по почетокот на руската операција.