Утре почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Во Основниот суд во Куманово утре, на 9 јули ќе започне судскиот процес против 25-годишник Трајко Бојковски, обвинет за неколку убиства во Старо Нагоричане.

Според обвинението, тој се товари за четири кривични дела – едно кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и за два обида за убиство од истиот квалификуван облик.

Обвинението во судската постапка ќе го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од Основното јавно обвинителство Куманово.

Доколку биде прогласен за виновен за квалификуваниот облик на убиство, бидејќи според обвинението со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Реконструкцијата на водоводната мрежа на „11 Октомври“ влегува во завршна фаза (ФОТО)

Според претходно објавени информации во јавноста, жртвите биле претежно повозрасни жени, со исклучок на една 35-годишна жена, а телата биле пронајдени голи или полуголи.

Дел од медиумите, повикувајќи се на вештачењата во истрагата, објавија дека обвинителството се сомнева оти делата биле извршени со цел задоволување на сексуални нагони кон телата на жртвите.

Никола Ивановски