Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва имаше свечена вечера во Давос за повеќе извршни директори на европски компании.
Форумот во Давос е само претстава, најважните одлуки на политичките моќници се носат овде (фото)
Loading...
На вечерата присуствувале извршните директори на компаниите „Адидас“, „Сименс“, „Нестле“ и „Новартис“ пренесува Блумберг.
Европа во центарот на вниманието на Форумот во Давос
Како што рекол економскиот советник во Белата куќа, Гери Кон на вечерата биле повикани и раководители на компании кои оставиле значителен белег во САД, пренесува CNBS.
– Тие инвестираа во нашата економија, сакаме да продолжат д аго прават тоа и да ги охрабриме другите да се придружат, рекол Кон.
Заев и Ципрас во Давос договорија промена на името на автопатот (фото+видео)
Блумберг наведува дека на вечрата присуствувале и директори на Нокиа, Делоит, Баер, Волво, Тисен Круп, Стаоил, Тотал, Анхојзер-Буш ин Бев и други.
Жолти патки на чорапите во Давос
Во американската делегација освен Трамп и Кон е и државниот секретар Рекс Тилерсон, министерката за внатрешна безбедност Кристен Нилсен и советникот за национална безбедност Х.Р. Мекмастер.
Loading...
Трамп претходно денеска прситигна во Швајцарија за да на Светскиот економски форум во Давос ја образложи својата агенда „Америка на прво место“ и се заложи за поголем реципроцитет во трговијата помеѓу САД и нивните партнери.