Освен што се познати по розовата боја на своите пердуви, фламингата се познати и по тоа што скоро секогаш стојат на една нога.
Некои научници тврдат дека на тој начин ја чуваат топлината на телото – со една нога во вода губат многу помалку телесна топлина, отколку кога би стоеле со две нозе.
15 факти за животните кои не ги знаат ниту сите зоолози
Меѓутоа, во 2017 година научниците Лена Тинг и Јанг Хуи Чанг, проучувајќи дваесетина фламинга, откриле едно многу веројатно објаснување.
Овие птици воопшто не мора да користат мускули за да стојат на еден екстремитет, само, на некој начин се „заклучуваат“ и стојат.
Меѓутоа, кога стојат на две нозе кај фламингата може да се прочита мускулна активност, што значи дека им е полесно да стојат само на една нога.
5 митови за животните во кои најголемиот дел од луѓето веруваат
Така да одговорот на прашањето зошто фламингата стојат на една нога е многу пологичен – затоа што така им е полесно.
Научниците оваа состојба ја нарекле пасивен гравитациски механизам на стоење.