Ракометарките на Куманово викендов забележаа пораз од екипата на ЖРК Металург во рамките на 4. коло од домашниот шампионат за дами.
Кумановки играа скоро изедначено на домашен терен против составот на Металург, но немаа сили на полувреме да направат пресврт во резултатот, па на пауза се замина со предност на гостинскиот состав од 9:11.
И вториот дел од средбата кумановки потфрлија за два погодоци, па го забележаа првиот пораз сезонава со конечен резултат 20:24.
Со шест погодоци најефикасна во дресот на Куманово беше Сузана Зечевиќ, додека во победничкиот состав тоа беа Марија Гугуљанова и Марија Јанкуловска со по пет голови.
Следниот натпревар кумановки го играат на гости против составот на ЖРК Пелистер.
Никола Ивановски