Женскиот ракометен клуб Куманово новата сезона во женската Суперлига на Македонија ќе ја започне со меч против ЖРК Спартак и тоа на гостински терен.
Loading...
Во просториите на Ракометната федерација беше комплетиран распоредот за новата сезона.
Првото големо дерби се очекува во седмото коло меѓу екипите на Металург и Куманово.
Оваа сезона ќе настапат 13 женски екипи и секое коло ќе има по една слободна екипа. Сезоната треба да започне на 19 или 20 септември и есенскиот дел да трае до 20 декември.
Инаку сезоната која измина беше поништена по избувнување на епидемијата, а Куманово беше на врвот на табелата и без порази. И годинава ЖРК Куманово ќе атакува на двоја круна во домашниот ракомет.
Никола Ивановски