Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северозападниот дел на Иран, а државната телевизија и медицинските власти во областа соопштија дека најмалку 276 лица се повредени.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Хови во Западен Азербејџан.
#Earthquake in 27 km E of #Khvoy (#Iran) 49 min ago (local time 03:51:29). Updated map – Colored dots represent local shaking & damage level reported by eyewitnesses. Share your experience via:
📱https://t.co/LBaVNedgF9
🌐https://t.co/GGNFstNEP4 pic.twitter.com/aFsolKlMT0— EMSC (@LastQuake) October 5, 2022
Итната медицинска помош во Хови соопшти дека „досега се повредени 276 лица, од кои 68 се хоспитализирани поради помали скршеници“.
Земјотресот се случил на околу 12 километри од Хови, на длабочина од 10 километри, соопшти Геолошкиот институт на САД.
Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) претходно објави дека земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтер се случил во близина на ерменско-азербејџанско-иранската граница.