Отсек за превенција од СВР Куманово и Општински совет за превенција денеска на подрачје на градот спроведоа кампања „Кажи не на говор на омраза“ во училиштата, меѓу младите и на спортски натпревари.
– До младите, учениците се упатува апел да се воздражат од секаков вид насилство и насилно однесување, ширење говор на омраза, потикнување на верска и расна дискриминација, и фер и спортско навивање на спортски натпревари, да се почитува друг спортски тим, без навредливо и насилно навивање, истакна м-р Лиле Младеновска, началник на Отсекот за превенција при СВР Куманово.

Како што додава Младеновска, за сите девијантни однесувања против ваквите лица ќе има и кривична одговорност.

На младите и граѓаните им се поделени и превентивни брошури „Има живот без насилство – Кажи не на говор на омраза“.


Никола Ивановски

