Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска оствари средба со претставници на Амбасадата на САД во Македонија, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката и развој на нови проекти од повеќе општествени области.

Во рамки на средбата, претставниците на Амбасадата се запознаа со работата и функционирањето на Општина Куманово, како и со можностите за унапредување на постојните и развивање на нови проекти.

Посебен акцент бил ставен на младите и создавањето нови лидери кои би придонеле кон развојот на младата популација и иднината на локалната заедница, во интерес на граѓаните.

На претставниците на Амбасадата им била презентирана и видео-презентација посветена на индустриската зона „Новини и Речица“, преку која биле претставени потенцијалите и капацитетите на зоната.

На средбата, покрај Димитриевски, присуствуваа секретарот на Општината Емилија Сларидис Јаневска, претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, и раководителот Фатос Аќифи.

Од американската амбасада присуствуваа вршителката на работи Никол Варнс, политичките советници Едру Ковтун и Кристина Каранакова, како и специјалистката за односи со јавност Надица Жакула.


Никола Ивановски

