Кумановец почина од западнонилска треска

Сподели со своите пријатели

Шеесет и шестгодишен кумановец по 28 дена хоспитализација почина по заболување од западнонилска треска.

Според Фадил Цана, директор на Инфективната клиника во Скопје, шеесет и шестгодишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран и имал тешка клиничка слика и други коморбидитети.

Кумановецот е деветта жртва на вирусот на западнонилска треска.

Досега биле хоспитализирани вкупно 66 пациенти.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец и тетовец се тепаа на скопскиот аеродром