Заврши првиот Меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“ (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вчеравечер заврши првото издание на Меѓународен фолклорен фестивал Куманово организиран од страна на Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ и Фондација за култура и спорт при Општина Куманово.

Loading...

Над 450 играорци од Македонија, Србија, БиХ, Бугарија и Колумбија, настапија на трите фестивалски вечери, каде ја претставија својата култура, фолклор и традиција.

Вчеравечер честа да го затвори фестивалот му припадна на Националниот ансамбл „Танец“ од Скопје, а на фестивалот во изминатите три дена учествуваа и: „Кочо Рацин“- Скопје, КУД „Карпош“ – Крива Паланка, КУД „Бајрам Шабани“ – Куманово, КУД „Панче Пешев„-Куманово, Студио „Етнос“- Скопје и Фолклорен ансамбл „Битола“, националниот ансамбл „Танец“, КУД „Јабланичко коло“ – Лебане, Лесковац, Србија,  КУД „Живинице“ БиХ, Шопски ансамбл „Раде Радев“- Софија,  Бугарија, компанија Артистика „Мангаларес„- Колумбија, Јужна Америка и КУД „Димитриеје Туцовиќ“ – Белград.

Loading...

Во продолжение проследете ја атмосферата од третата фестивалска вечер, низ објективот на Кумановски Муабети.

Leave a Reply