Во Хаг започна судењето на бизнисменот Фелисиен Кабуга, еден од главните обвинети за финансирање на геноцид и злосторства против човештвото во Руанда.
Кабуга, наводниот финансиер на геноцидот во Руанда во 1994 година, имаше „значајна“ улога во етничкиот масакр на малцинството Тутси, соопшти обвинителството на отворањето на судењето.
Обвинителот Рашид С. Рашид изјави пред судот на Обединетите нации дека „28 години по настанот, судењето има за цел да побара одговорност од Фелисиен Кабуга за неговата значајна и намерна улога во геноцидот“.
Пред две години, апсењето на Фелисиен Кабуга, обвинет за геноцид во Руанда во 1994 година, стави крај на потрагата по еден од најбараните мажи во светот.
Кабуга беше еден од најбогатите луѓе во Руанда во 1994 година.
Парите и врските му помогнале да избегне апсење повеќе од 20 години, за време на кои живеел во Руанда, Швајцарија, поранешен Заир и Кенија.
Тој беше уапсен во Париз.
Тој беше еден од сопствениците на радио станица чија програма ја поттикна омразата на мнозинската етничка заедница Хуту кон малцинството Тутси, а обвинет е и за финансирање на паравоената организација Хуту, меѓу другото, со купување на стотици илјади мачети со кои луѓе беа убиени.
За само три месеци, повеќе од 800.000 луѓе, главно припадници на етничката група Тутси, беа убиени во геноцидот во Руанда.
Во 1997 година, Меѓународниот кривичен трибунал за Руанда издаде налог за апсење на Фелисиен Кабуга.