Замрзнат дожд во Германија: Неколку загинати, голем број несреќи

Сподели со своите пријатели

Поради екстремно лизгавите коловози предизвикани од замрзнат дожд и ниски температури, во различни делови на Германија се случија голем број сообраќајни несреќи.

Loading...

Според пишувањата на медиумите, во сообраќајни несреќи што се случиле во средата на 15 јануари и утринава загинале неколку лица, а голем број се повредени.

Германската метеоролошка служба претходно предупреди на опасни услови на патиштата, особено на „црн мраз“, кој предизвика бројни несреќи, вклучително и фатални.

На автопатот А92 во Баварија се случи трагедија кога маж загина во судир со камион кој излетал од коловозната лента поради лизгави услови на патот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор на небото: Патник почина на лет од Париз

Во близина на Регенсбург, на автопатот А3, е пријавена сообраќајна несреќа во која загинало и најмалку едно лице.

Сообраќајни несреќи не се случија само во Баварија, туку и во други делови на земјата.

Во Баден-Виртемберг, вклучувајќи ги градовите Лудвигсбург, Хајлброн и Штутгарт, се случиле повеќе од 500 несреќи, а бројот продолжува да расте.

Во некои случаи лицата претрпеле само материјална штета, додека во други случаи биле повредени.

Loading...

Во Улм се регистрирани околу 40 сообраќајки, а неколку лица се повредени.

Поради лошите услови на патиштата, многу училишта во Баварија ја одложија наставата, а зимските служби работат со полна пареа за да ги расчистат патиштата и аеродромските писти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еди Рама клекна пред италијанската премиерка за да ѝ даде подарок (ВИДЕО)

Летовите беа одложени поради ледените површини, а два авиони беа пренасочени на други аеродроми.

Полицијата ги предупредува возачите да бидат дополнително внимателни, нагласувајќи дека патиштата се лизгави како стакло.

Се повикуваат возачите да ја намалат брзината, да возат внимателно и да избегнуваат нагло сопирање и забрзување за да спречат дополнителни несреќи, пишува магазинот Феникс.