За две недели ќе се замени оштетената водоводна мрежа во Диво насеље

Сподели со своите пријатели

Во кумановската населба Тоде Мендол, каде што пред еден месец се одвиваше полициската акција за разбивање на вооружената терористичка група, од денеска се работи на замена на канализациската и водоводната мрежа.

Loading...

Директорот на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски информира дека средствата за овој проект се обезбедени од Општина Куманово, како и од Министертвото за животна средина и просторно планирање, а изведувач е јавното претпријатие, пренесува МИА.

– Се надеваме дека за две недели ќе бидат завршени градежните работи на терен на улицата „Перо Илиевски“, информираше Стојковски.

Жителите на ова населено место бараат од локалната самоуправа и Владата да помогнат преку формирање тело за вадење на потребната документација која ќе биде неопходна кога ќе завршат процедурите и кога ќе се отпочне со санацијата на оштетените објекти.

Посочуваат дека покрај од институциите, помош добивааат и од граѓаните.  Оштетените семејства ги очекуваат официјалните информации од проценките на штетите.