За бројните придобивки од консумирањето јагнешко месо

Сподели со своите пријатели

Кај нас јагнешкото месо се троши најмногу околу Велигден. Во останатото време е потешко за наоѓање во продавниците, а и малкумина се сеќаваат на него. Најпопуларните меса во продавниците се пилешко, свинско и телешко.

Јагнешкото остана некако занемарено, а не треба, бидејќи постојат голем број здравствени придобивки.

Најкорисно е да се јаде месо на ручек

Заситените масти во јагнешкото месо се значително помалку во споредба со другите видови црвени меса. Јагнешкото го подобрува нивото на холестерол во крвта, ги ублажува воспаленијата и го стабилизира срцевиот ритам .

Јагнешкото го намалува ризикот од атеросклероза и коронарна болест на срцето .

Овците се преживари, па нивното месо е добар извор на коњугирана линолова киселина (CLA) – масна киселина која помага за спречување на рак и други воспалителни состојби .

Лесно и едноставно: Запечени полнети пиперки со месо и домати

Јагнешкото месо содржи витамин Б , кој помага за согорување на мастите . Со оглед на поголемото количество посни протеини кое ги содржи овчото месо, ретките заситени масти во него се сосема незначителни. Во таков сооднос тие дури помагаат за редукција на килограмите и го намалуваат ризикот од дебелеење .

Овцата содржи селен и холин , кои исто така се многу корисни во превенција на различни онколошки заболувања.