ВОЗМЕНИРУВАЧКО: Овде е толку студено што животните се замрзнуваат во чекорење (видео)

Сподели со своите пријатели

Светската меторолошка организација направила листа од најекстремните временски услови, односно места на кои тие се манифестираат.

Листата изгледа вака:

Најголем минус е забележан во Восток, на Антарктик, каде на 21 јули 1983 година биле измерени -89,2 степени целзиусови.

„Долината на смртта“ во Калифорнија влегла во историјата кога во неа во летото 1913 година биле измерени неверојатни 56,7 степени целзиусови.

Во Јунионвил, во американската држава Мериленд, рекордот е забележан на 4 јули 1956 година, кога за една минута наврнале 31,2 милиметри дожд на метар квадратен.

Најмногу дожд за време на еден ден паднале во период од 7 до 8 јануари 1966 година, кога циклонот Денис минува преку островите во Индискиот океан. Дури 1.825 литри на метар квадратен за само еден ден.

Најголемиот град некогаш паднал во Гополгањ, Бангладеш на 14 април 1986 година. Пријавени биле парчиња лед тешки еден килограм, од кои загинале вкупно 92 лица.

Најдолгиот период без врнежи бил забележан во Чиле, во градот Арика, каде капка дожд не паднала во цели 14 години, од октомври 1903 до јануари 1918 година.

Во Андерлнах, Германија на 16 септември 2002 година бил забележан млаз вода висок 61,5 метри кога избил гејзер.

Рускиот автопат Колима е најстудената сообраќајница во светот. Таму температурите паѓаат и до -67,7 степени. За да работата бие уште пострашна, еден дел од тој пат се нарекува „Патот на коските“ во знак на сеќавање на затворениците кои преминувале таму правејќи го.

Најголемата ледена пустина, која се наоѓа во поларниот круг е на територијата на Канага. Се наоѓа во националниот парк Клуане и се протега на подрачје од 21.980 километри квадратни.

Сибирското место Ојмјакон е најстуденото место во кое живеат луѓе надвор од Антарктикот. Таму температурите паѓаат и до -68 степени целзиусови.

Pages: 1 2