Во Узбекистан пронајдено руско богатство криено со години

Сподели со своите пријатели

Научниците од Националниот универзитет на Узбекистан во една зграда во историскиот дел на Ташкент откриле богатство во редност од над милион долари.

Loading...

Се сметало дека предметите се загубени пред најмалку 80 години.

Богатството е пронајдено во тајна просторија која се наоѓа во подрумот на зградата.

Експертите откриле и експонати од колекција на семејството Романови во Ташкент од 1918 година и предмети кои припаѓале на жртвите на репресијата на Стаил и руските племиња и научници кои се преселиле од Европа и Санкт Петербург во Узбекистан.

Во ризницата се наоѓаат и златен микроскоп од 19 век, монети, драгоцени метали, вредни книги, ракописи, слики и икони.

Како што се наведува, некои од работите ќе бидат предадени на експерти за реставрација од Германија и Полска.

Leave a Reply