Во тек е реконструкцијата на „Киро Бурназ“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Интензивно се спроведува реконструкцијата во државното училиште, регионален центар за стручно образование и обука, „Киро Бурназ“ во Куманово, информираа денеска надлежните.

Loading...

 

 

Во тек се градежни активности за санација на неколкуте објекти од училиштето, ученички дом, работилниците како и централната зграда. Сменета е покривната конструкција, фасадата, прозорците. Во моментов се поставува и лифт.

 

 

Loading...

-Градежните активности почнаа на 1 февруари годинава и ќе траат 15 месеци. Станува збор за темелна реконструкција на сите објекти. Во проектот е опфатена реконструкција на сите објекти, од кровот на главните згради и помошните простории, сè до подот. Реконструкцијата е голем инвестициски проект, според архитектонскиот план што го имаме, училиштето добива целосно нов изглед, изјави директорката на училиштето, Весна Трајковска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

 

 

Покрај градежните активности течат обуките на професорите, бидејќи на тој начин, сметаат надлежните суштински се преминува во регионален центар за обука.

 

 

Loading...

Надлежните од „Киро Бурназ“, велат дека преминувањето во регионален центар е процес кој трае неколку години, за што искуства црпат од колегите од европските држави. Училиштето стана регионален центар за два профили агротехничар и техничар за фитомедицина од земјоделско-ветеринарна струка и прехранбен техничар од хемиско-технолошка струка.

 

 

Обуките се изведуваат во кумановските претпријатија, врз основа на професионален план за развој на наставниците што е подготвен по струки, при што се дава предност на овие две струки за коишто „Киро Бурназ“ е регионален центар, од земјоделско-ветеринарната и од хемиско-технолошката струка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

По завршување на градежни активности училиштето ќе биде опремено со нова опрема.

 

Loading...

 

Инвестицијата е на Министерството за образование и наука, средства на ЕУ преку ИПА проекти, а во процесот на преминување во регионален центар вклучени се и центар за стручно образование и обука, центар за образование на возрасни.

На овој начин, сметаат одговорните ќе може да се врши обука на возрасни, преквалификација, доквалификација, валидација на веќе стекнатото знаење.