Во опасност куќите во кумановско Живиње и кратовско Татомир (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пожар им се заканува вечерва на куќите во кумановското село Живиње, но и на кратовското село Татомир.

Loading...

Пожарникарите се на терен и се прават напори со локалното население да се одбранат куќите, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

– Сериозен пожар имаме и на територијата на Куманово којшто загрозува куќи од селото Живиње иако имаме убедување дека селото ќе биде успешно одбрането во текот на ноќта. Во кратовското село Татомир исто така постои опасност по куќите се прават напори селото да биде одбрането од пламените јазици, изјави Ангелов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 40-годишен кумановец. Полицијата му пронашла грутчеста материја!

 

 

Во меѓувреме пожар има во светиниколско Долно Ѓуѓанци кој се движи кон територијата на кумановско.

Никола Ивановски

Loading...