Во изминатите 24 часа бројот на смртни случаи од коронавирус во Бразил се зголемил за 630, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата достигна 170.115, соопшти бразилското Министерство за здравство.
Во последното деноноќие бројот на заразени лица се зголемил за 31.100 и сега изнесува влкупно 6.118.708, пренесе Тасс.
Од Ковид-19 досега се закрепнати 5.476.018 пациенти или околу 90 проценти од сите инфицирани пациенти, а во моментов активни има 472.575 случаи.
Податоците покажуваат дека во првите две недели од ноември во земјата повтроно дојде до зголемување на бројот на новоинфицирани.
Бразил е трета земја во светот по бројот на заразени со коронавирусот, по САД и Индија, и втора по бројот на смртни случаи, веднаш по САД.
Сашко Димевски