Властите на Алјаска трагаат по патничкиот авион на Беринг Ер кој исчезна за време на летот од Уналаклиет до Номе, објави Одделот за јавна безбедност на Алјаска.
Според достапните информации, во малиот турбопропектор „Цесна караван“ имало девет патници и еден пилот.
Агенцијата на својата веб-страница објави дека тимовите на теренот работат на добивање на последните познати координати на леталото.
Според Националниот институт за безбедност и здравје при американската влада, несреќите со воздушни такси и патнички авиони се несразмерно чести во Алјаска во споредба со остатокот од САД.
Алјаска е позната по своите предизвикувачки временски услови и планински терен, а многу заедници не се поврзани со патишта, поради што малите авиони често се користат за превоз на луѓе и стоки.
Беринг Ер е регионална авиокомпанија со седиште во Алјаска која управува со флота од околу 39 авиони и хеликоптери, според податоците на веб-страницата FlightRadar24.
Последниот снимен сигнал од исчезнатиот авион бил фатен од уредите за следење 38 минути по полетувањето од Уналаклиет, во 14:38 часот по локално време.
Летот до Номе обично трае помалку од еден час.