На социјалните мрежи се споделува видеото од велигденската литургија во Дојран каде присуствуваше премиерот Никола Груевски. Видеото е придружено со коментари на осуда и револт за свештеникот од МПЦ-ОА, кој наместо на верниците, му се обраќаше на Груевски, јавува Либертас.
Loading...
„Претседателе и премиере, голем благослов. Навистина ми е чест што дојдовте и не посетивте на овој ден, посветен на Христовото вознесение. Христос воскресе претседателе“, му се обрати на Груевски попот од црквата Свети великомаченик Ѓорги во Дојран.
https://www.youtube.com/watch?t=76&v=j-axIOV4EsQ
Коментарите на Фејсбук се дека сите верници се еднакви и свештениците не смеат да си дозволат вакво однесување.
Извор: Либертас