Веќе 30 дена лежат на натпреварот во Црна Гора: Ќе влезат и во Гинис?

Сподели со своите пријатели

Во Црна Гора веќе цел месец трае натпревар во лежење поради што натпреварувачите можеа да влезат во Гинисовата книга на рекорди.

Loading...

Во селото Брезна, недалеку од Никшиќ во Црна Гора, се одржува натпревар во лежење, а од 21, колку што имаше на почетокот, останаа пет херои.

 

 

Тројца мажи и две девојки се борат за титулата „најголема мрзливец“ и награда од 1.000 евра, а никој не сака да се откаже сега кога победата е толку блиску, пишува 24sedam.rs.

Ги соборија сите рекорди

„Ова е навистина без преседан. Сите рекорди се соборени одамна. Секој од овие пет натпреварувачи кој ќе победи го заслужил тоа. Никој не сака да се откаже сега, ова е многу повеќе од натпревар во лежење, ова е вистинска психолошка игра. Ние се трудиме навистина да им обезбедиме најдобри услови. Им носиме храна и пијалаци, има и лекари кои се грижат за нивното здравје“, изјави Миќо Благојевиќ, креаторот на натпреварот.

 

Loading...

 

Едниот натпреварувач ослабе, другиот не станува поради цените на горивото

Цел свет слушна за лежачите во Брезна бидејќи бројни регионални и светски медиуми го пренесоа најбизарното натпреварување во Европа.

„Се започна за да се пошегуваме со предрасудите дека Црногорците се мрзливи и сакаат да лежат, а еве сега натпревар за кој зуи цел свет. Оваа година има бројни анегдоти кои долго ќе се прераскажуваат“, изјави Благојевиќ.

„Еден наш натпреварувач дури и ослабе неколку килограми иако јаде и лежи. Таткото на едно девојче ѝ донесе нов автомобил пред влезот во етничкото село за таа да стане и да го види и да го заврши натпреварот, но таа сепак рече дека не се дава уште. Горивото поскапе, подобро да остане да лежи“, додал низ смеа.