ВАШИНГТОН: Снајперист рани четири лица, па си пресуди

Сподели со своите пријатели

Американецот Рејмонд Спенсер ранил четири лица од снајпер во Вашингтон пукајќи кон луѓе по случаен избор, а потоа извршил самоубиство, соопштија официјални лица.

Loading...

Полицијата соопшти дека Спенсер е од предградието на Ферфакс во државата Вирџинија и дека првично бил идентификуван врз основа на видео што го објавил на социјалните мрежи, на кое се гледаат снимки од истрели од прозорците на повисоките катови и со транспарент на кој пишувало „Пукање во училиште!“.

 

Сателитските снимки покажуваат нова масовна гробница во близина на Мариупол

 

Претставникот на полицијата во Вашингтон, Роберт Конти изјави дека сè укажува на тоа дека снимката е автентична, но дека не може да потврди дали снимката била емитувана во живо или била претходно снимена.

„Неговата намера била да ги убие и повреди жителите на нашата заедница, но сè уште не го утврдивме мотивот. Напаѓачот дејствувал сам. Тој ранил четири лица по случаен избор“, нагласи Конти.

Престрелката и потрагата по напаѓачот предизвикаа блокада на населбата Ван Нес во северозападниот дел на Вашингтон. Спенсер отворил оган непосредно пред крајот на часот.

Loading...

 

Пентагон: Украина сега има повеќе тенкови на бојното поле од Русија

 

Со помош на изјави на очевидци, полицијата успеала да го лоцира напаѓачот на петтиот кат од станбената зграда. Се самоубил кога му пришла полицијата.

Во станот полициски службеници пронашле повеќе огнено оружје и поголема количина муниција.