Двајца малолетници од Куманово биле приведени вчера попладне под сомнение дека украле пари од деловен објект.
– На 24.09.2026 околу 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода двајца малолетници од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие се сомничат дека на 21.09.2026 со употреба на сила влегле во деловен објект на улица „Маршал Тито“ во Куманово и одзеле пари.
– Малолетниците биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.
Никола Ивановски

