Вака се чествувал „11 Октомври“ во Куманово во 1961 година (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Денот на востанието против фашистичкиот окупатор со години наназад се слави во Куманово. Прослава имало и во далечната 1961 година кога два дена биле организирани повеќе настани во кумановската околина.

Loading...

 

Венецот на Централниот комитет на СКМ го положил Александар Грличков

 

На 10 откомври во 15 часот со полагање венци на Спомен Костурница започнало прославувањето на овој национален празник. Во 18 часот пионерскиот мандолински оркестар од Кратово приредил концерт на градскиот плоштад, додека пак 45 минути подоцна имало огномет и започнала традиционалната трка „11 Октомври“.

 

Присутни на митингот

 

Во 19:30 часот имало свечена академија со пригодна програма посветена на празникот која се одржала во Работничкиот универзитет во Куманово, а вечерта се организирале повеќе другарски вечери, во Хотел „Куманово, во салата на ДТВ „Партизан“, во Тутунскиот комбинат и Домот на ЈНА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПСК Поларис веќе една година успешно ги освојува планинските врвови низ Македонија и регионот

 

Loading...
На Спомен Костурница говорел генерал мајор Гојчо Стефковски

 

На самиот празничен ден, одбележувањето започнувало од рано изутрина. Уше во 09:30 часот на Градскиот плоштад имало концерт на Гарнизонот на ЈНА и Градската музика, а веќе во 11 часот се одржал митинг во врска со 11 Октомври и Народната револуција.

 

На големиот митинг на градскиот плоштад говорел Љупќо Арсов, член на Сојузен извршен совет

 

Натпревари во фудбал, атлетика, одбојка и велосипедизам биле одржувани на Фискултурниот стадион од 14 до 17 часот.

 

Присутни на изложбата „Македонија во НОБ“

 

За време на прослвата се одржал и дводневен собир на феријалците од Врање, Лесковац, Бујановац и Куманово и околните центри на Народна Република Македонија, при што биле отворени изложби на детски цртежи од Кратово и на фотографии од изградбата на автопатот „Братсво и единство“.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Доделени договорите за активности за здравствена и социјална заштита во Куманово (ВИДЕО)

 

Присутни на изложбата „Македонија во НОБ“

 

 

Извор: „Наш весник“ број 1 (среда, 11 октомври 1961. година)