Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на прес-конференција го критикуваше начинот на распределба на финансиската помош за пензионерите во Општина Центар, барајќи промена на критериумите за да им се даде приоритет на оние со најниски пензии.
Прес конференцијата ви ја пренесуваме интегрално во продолжение:
Господине Герасимовски, што точно славите? Дека за два дена ги потрошивте сите 7 милиони денари наменети за пензионерите или дека помошта ја добија оние што превидознале?
Во јавниот пових стои дека помошта е за пензионери во социјален ризик со пензија помала од 28.000 денари, но критериумот беше „прв дојден, прв услужен“. Каде е тука приоритетот за оние со најниски пензии? Советниците на Движењето ЗНАМ за наша Македонија инсистираат да се смени овој принцип, бидејќи тоа е неправеден и не е начин средствата да дојдат до оние на кои им е најпотребно.
Седумте милиони денари беа доволни за само 1.400 од вкупно 3.754 центарски пензионери. Дали општина Центар е за једните мајка, а за другите маќеа?
Прогласивте дека ветувањето е исполнето. Исполнето за кого, господине Герасимовски? За пензионерите што дознале навреме и стигнале први или за оние што едвај врзуваат крај со крај?
Пензионерите заслужуваат одговори, а не само фалби“, стои во соопштението.

