Кумановската библиотека започна проект за читање современи македонски автори

Сподели со своите пријатели

Гимназијалците од Куманово ќе ги запознаваат делата на современите македонски автори преку проектот „Читаме современи македонски автори“, кој започна да се реализира во библиотеката „Тане Георгиевски“.

 

 

Во проектната активност учествуваат ученици од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, под менторство на професорките Ангела Петковска и Анита Цветковска.

 

 

На вчерашната работилница учениците го обработувале делото „Првиот универзитетски ден на мојата ќерка“ од авторот Игор Станојоски, со што започнаа со запознавање и анализа на творештвото на современите македонски писатели.

 

 

Целта на проектот е поттикнување на критичкото размислување кај младите, развивање на читателските навики и отворање нови хоризонти преку книжевноста.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започнаа буџетските форуми во Куманово: Граѓаните предлагаат проекти за 2027 година (ВИДЕО)

 

 

Проектот се реализира со финансиска поддршка за културни манифестации, предвидена во Програмата за културни манифестации на Општина Куманово за 2026 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски