Повеќе локации во Куманово и Старо Нагоричане денеска и утре ќе бидат привремено без електрична енергија поради најавени прекини.
Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 08:00 до 14:30 без струја ќе бидат корисниците од улиците „Осогово“, „Боро Прцан, дел од улицата „11 Ноември“ (пред мостот за Бедиње), како и дел од улицата Србо Томовиќ.
Поради реконструкција на среднонапонска и нисконапонска мрежа, денеска прекини ќе има и во голем дел села од Куманово и Старо Нагоричане во период од 08:30 до 12:30 часот, и тоа: Војник, Стрезовце, Клечовце, Зубовце, Новосељане, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, К’шање, Кокошиње, Скачковце, Кучкарево, Градиште, Габреш и Колицко.
Утре (петок), во период од 08:30 до 14:30 часот прекини ќе има во селото Јачинце.
Во период од 09:00 до 13:00 часот утре без напојување ќе останат корисниците од селото Габреш, додека од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе биде и селото Челопек.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електродистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

