Уште една мистериозна смрт во Русија: Полковникот Бојко пронајден мртов

Сподели со своите пријатели

Полковникот Вадим Бојко (44), близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, е пронајден мртов во неговата канцеларија во Русија.

Loading...

Како што пишува Мирор, Бојко, кој беше заменик-шеф на престижната виша поморска школа Макаров Пацифик во Владивосток, е пронајден со повеќекратни рани од куршуми по телото.

Таткото на две деца, кој наводно бил задолжен за оружје и муниција на елитната академија, дошол на работа како и обично, но набргу откако влегол во неговата канцеларија, одекнале пет истрели, се вели во извештаите.

Дежурниот службеник кој слушнал пукање потоа дошол на местото и го видел телото на Бојко.

Додека првите извештаи во Русија говореа дека постои сомневање за самоубиство, медиумот БАЗА, кој има блиски врски со полицијата, тврди дека криминалните истражители пронашле пет чаури и четири пиштоли Макаров до загинатиот полковник.

Се поставува прашањето како можел полковникот да пука пет пати во градите.

Владимир Осченко, директор на локалната телевизија, исто така верува дека Бојко се самоубил.

– Кога офицерите ќе почнат да се убиваат, нешто не е во ред со државата и државната служба – напиша Осченко на Фејсбук, додавајќи дека самоубиството на Бојко го потврдиле и одделот за медиуми на Пацифичката флота и адмиралските советници на капетанот на флотата, пренесува независниот руски медиуми Медуза.

Loading...

Бојко е последниот во серијата високи Руси кои загинаа под мистериозни околности од почетокот на војната во февруари.

Да потсетиме, од почетокот на оваа година, а особено по агресијата врз Украина на 24 февруари, Русија е зафатена од бран мистериозни самоубиства или многу чудни падови низ прозорецот на познати руски претприемачи, олигарси и менаџери. од енергетскиот и воениот сектор, главно блиски или добро поврзани во Кремљ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.