Захарова остра кон Зеленски, го обвини за „отворен тероризам“

Сподели со своите пријатели

Потезите што ги направи претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврдуваат дека тој е „ментално болен терорист“, изјави денес Марија Захарова, портпаролка на Министерството за надворешни работи на Русија.

„Она што го прават режимот во Киев и Зеленски е, секако, отворен тероризам. Целта на терористите е да сеат паника и да всадат страв. Тоа е суштината, движечката сила. Не само да окупираат, освојуваат, присвојуваат и ограбуваат, или на некој начин да вршат влијание, туку да предизвикуваат терор“, рече Захарова, пренесува Спутник.

Според нејзината проценка, „имало многу такви пореметени лица кои верувале дека нивната злоба и омраза ќе ја натераат планетата да оди во друга орбита“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Откриени тајните планови на Русија: „Постои голема загриженост“

Како што рече таа, илјадници конференции беа одржани на меѓународни форуми каде што беше нагласено дека всадувањето страв е една од примарните цели на терористите, односно дека тоа е она на што се фокусираат.

„Западот всушност го убеди Зеленски дека тој е централна фигура на меѓународната агенда. Тоа е погрешен впечаток, но му е всаден. Следствено, тој верува дека може да го искористи својот наводен статус за ширење страв и идеологија на заплашување насочена против оние што ги мрази. И токму тоа го направи. И сепак, Земјата не престана да се врти поради тоа“, заклучи Захарова, како што објави Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  100 лица евакуирани: Пожар избувна во клиника во Русија