Урош Луковиќ си заминува од КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Со спогодбен договор, Урош Луковиќ и конечно реши да замине од редовите на КК Куманово, после неколку сезони поминати во кумановскиот клуб. Во спортските кулоари веќе се зборува дека Луковиќ е можно да замине во МЗТ Скопје.

Loading...

Прогласен како мистер „дабл-дабл“, поради постојаното остварување двоцифрен број поени и скокови, Луковиќ е можно  да замине и во други клубови, и како што се зборува, откако преговорите со МЗТ Скопје не оделе во посакуваниот правец за двете страни, можно е тој да замине во Саудиска Арабија.

Неофицијално, во Куманово кружат гласини дека Луковиќ подолго време не е во добри односи со управата на КК Куманово, како и со дел од сонародниците во тимот кои доаѓаат од Србија. Наводно, недоразбирањата биле уште повеќе заострени со заминувањето на неговиот татко, Љубослав Луковиќ од позицијата прв тренер.

Кошаркарскиот клуб веќе најде замена за Урош Луковиќ а во прашање е Ненад Мишановиќ, 31-годишен српски интернационалец кој доаѓа од полскиот шампионат од тимот на Трефл Сопот.