Украински дрон предизвика пожар во рускиот град Курчатов

Сподели со своите пријатели

Зграда во западниот руски град Курчатов се запали во неделата по напад на украинско беспилотно летало, но службите успеаја да го изгаснат пожарот и немаше жртви во нападот, изјави гувернерот на провинцијата Курск, Роман Старовојт.

Loading...

Во својата објава во Телеграм, Старовојт не прецизираше за која зграда станува збор.

Украинската веб-страница Бабел, повикувајќи се на неименуван извор, тврди дека дронот удрил во зградата на разузнавачката служба ФСБ.

„Старовојт“ на 1 септември објави и дека украинско беспилотно летало ја оштетило фасадата на зграда во Курчатава.

Градот Курчатов е на само неколку километри од нуклеарната централа Курск, изградена во советско време, која ги има истите реактори како и нуклеарната централа во Чернобил, пишува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во нападот на Одеса едно лице загина, осум се повредени

Во ниту еден од двата извештаи не се споменува никаква штета на нуклеарната централа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.