Украина се подготвува за голема руска офанзива на исток

Сподели со своите пријатели

Украинските власти велат дека во тек се тешки борби на истокот на земјата со силно гранатирање низ регионот на Донбас и предупредуваат дека може да има голема руска офанзива, јавува Си-Ен-Ен.

Loading...

Британското Министерство за одбрана во разузнавачкиот извештај наведе дека руските трупи „целосно се повлекле“ од северна Украина во Белорусија и Русија и дека многу може да бидат префрлени во источна Украина за да се борат во регионот на Донбас.

 

Макрон: Франција е подготвена да биде гарант за мирот во Украина

 

„Битката кај Донбас“

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека „битката за Донбас“ е во тек и ќе потсетува на Втората светска војна.

„Таа не го достигна својот максимум“, рече тој, предупредувајќи дека офанзивата ќе опфати „илјадници тенкови, оклопни возила, авиони, артилерија“.

Loading...

Началникот на Генералштабот на американската армија Марк Мили изјави дека се очекува битка во југоисточна Украина бидејќи Русија ги пренасочува своите воени напори таму.

 

Поранешен шеф на НАТО: Русија ја користи смртта на своите војници како позитивна пропаганда

 

Украинските воени претставници велат дека забележале трупање руски сили на исток.

Вадим Денисенко, советник на министерот за внатрешни работи, рече дека уништувањето на градовите во областите Рубижне и Попасна во областа Луганск е во тек.

Според Институтот за проучување на војната, напредувањето на руските сили околу Харков може да значи дека источниот град Славјанск ќе стане следната цел на руската офанзива.

 

Loading...

Поранешен шеф на НАТО: Русија ја користи смртта на своите војници како позитивна пропаганда

 

САД обезбедуваат разузнавачки информации

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека САД обезбедуваат разузнавачки информации за украинските сили за да спроведат операции во регионот на Донбас.

Според Си-Ен-Ен, ова е значајно бидејќи е првпат американски функционер јавно да ја признае улогата на САД во операциите во спорниот регион Украина.

Шефовите на регионалните воени администрации на Доњецк и Луганск побараа од жителите на некои од источните региони да се евакуираат.

 

Украина објави разговори: Русите се жалат дека се совладани и дека мора да пукаат во цивили

Loading...

 

Сепак, Серхи Хајдаи, шеф на регионалната воена администрација во Луганск, во четвртокот рече дека руските сили удриле во железнички надвозник во близина на Барвинкова, блокирајќи го патот за евакуација на цивилите од источна Украина.

Тој рече дека речиси 500 евакуирани од областа Луганск се заглавени на железничката станица.

Три воза за евакуација се привремено блокирани во Славјанск и Краматорск, двата во регионот на Доњецк, рече Хајдаи.