Отсекот за превенција и Општински инспектор по сообраќај од Општина Куманово, вчера спроведоа кампања за безбеден сообраќај и јавен превоз на патници од страна на такси превозници.

Кампања, како што информираше Лиле Младеновска, начланик на Отсекот за превенција, е насочена кон сите фирми такси превозници кои вршат јавен превоз на патници, кога се во јавен сообраќај да имаат извод од лиценца за работа, како и извршен технички преглед на секои 6 месеци.

– Се упатува апел до сите такси превозници кои вршат превоз на патници, за најсериозно однесување и почитување на законските предвидени обврски, во спротивно ќе се превземаат мерки од Закон за патници во патен сообраќај, потенцираше началникот Младеновска.

Целта, додава таа, е безбедно движење во сообраќај и безбедноста на патници кои се превезуваат со такси компаниите од градот.
Никола Ивановски

