Украинските сили рекоа дека очекуваат жестоки борби пред да тргнат за ослободување на клучниот јужен град Херсон.
Руската страна се обидува да сугерира дека нивната војска се повлекува од Херсон, но Украинците не им веруваат.
„Веројатно е трик“, изјави Алиона Лапчук, која го напушти Херсон во април, за Гардијан, додавајќи:
„Русите се облекуваат како цивили и се кријат во куќите“.
На украинските канали на Телеграм се шират гласини дека „орките“ (погрдно име што Украинците го користат за руските војници) се кријат на приватни имоти во селата околу Херсон.
Лапчук вели дека е поверојатно руските сили во и околу Херсон да се подготвуваат за жестоки улични борби во текот на есента и зимата.
Украинското воено разузнавање синоќа соопшти дека во Херсон се случува „голем грабеж“.
„Тие се пресоблекуваат во цивилна облека и ги окупираат домовите на цивилите“
„Во населбите на десниот брег на реките Днепар се врши голем грабеж. Поточно, во бериславскиот округ окупаторите методично ограбуваат приватни домови, продавници и магацини. Имотот на централата во Беруслава (машини , опрема, уреди, материјали за поправка) е целосно ограбен“, соопштија украински разузнавачи.
Украинската армија изјави за Ројтерс дека руските сили „се преоблекуваат цивилна облека и ги окупираат цивилните домови и воспоставуваат позиции и се подготвуваат за улични борби“.
Да потсетиме, Русија во изминатите недели им нареди на цивилите да го напуштат Херсон во очекување на контранапад на тој стратешки важен град, кој е и најголем окупиран од руските сили од почетокот на инвазијата.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.