Украина: Најголемиот удар во контраофанзивата допрва следи

Сподели со своите пријатели

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар изјави дека „најголемиот удар“ во украинската контраофанзива допрва доаѓа, но таа призна дека тоа е тешка операција бидејќи Русија прави се што може за да ја спречи.

Loading...

„Непријателот нема лесно да се откаже од своите позиции, а ние мора да се подготвиме за тежок дуел. Всушност, тоа се случува токму сега“, рече таа на Телеграм, а пренесе Ројтерс.

Таа додаде дека операцијата која е во тек има неколку цели и дека армијата ги исполнува тие задачи.

„И покрај тоа што нашите војници напредуваат кон југ во неколку правци, непријателот ги концентрира силите на исток и продолжува таму да напредува. За непријателот ова е главниот правец на напад бидејќи агресорот не се откажува од целта да стигне до границата на регионите Доњецк и Луганск“, изјави таа.

Преговори со западни компании за производство на оружје во Украина

Украинскиот заменик министер за стратешка индустрија Сергеј Бојев изјави дека Киев е во преговори со западни компании за производство на оружје на украинска територија и дека украинските власти би можеле да потпишат договори со производителите во наредните месеци.

Тој рече дека во тек се преговори со производители од Германија, Италија и Франција за компаниите да започнат со производство во самата Украина.

– Со нив сме во многу детални разговори. И сигурни сме дека ќе ги потпишеме договорите во следните неколку месеци – изјави Бојев за Ројтерс на маргините на аеромитингот во Париз.

Тој изјави дека конкретно разговарал со производители на дронови, од големи меѓународни компании до мали добавувачи.

Loading...

– Разговараме за различни нивоа на соработка, а некои од компаниите велат дека се подготвени да дојдат да инвестираат и да произведуваат беспилотни летала – рече Бојев, додавајќи дека за одвраќање на агресијата во иднина ќе биде потребна силна одбранбена индустрија во Украина и силни украински вооружени сили.

– Затоа сметаме дека доаѓањето на меѓународните партнери во Украина, воспоставувањето производство и вклучувањето на Украина во безбедносната рамка на слободниот свет е од суштинско значење – рече Бојев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.